И, што е разликата меѓу ПР и контент маркетинг? Што е подобро?

Живееме во свет на секојдневна дигитална трансформација. Практично нема област на човековото делување што не е, додека го пишувам и го читате ова, дигитално трансформирано на различни начини, а истото се однесува и на односите со јавноста. ПР, како професија и како индустрија, не е имуна на овие промени и единственото прашање е дали се развива или дали се појавуваат нови конкуренти.
Можеби контент маркетингот е само почеток на “дигитализација” на односите со јавноста? Бидејќи, како што PRSA (Public Relations Society of America) дефинира, односите со јавноста имаат тенденција да се развиваат и да ги менуваат своите улоги додека го следат технолошкиот напредок. 

Иако многумина ќе се согласат дека контент маркетингот и односи со јавноста се слични по природа, некои пак велат дека тоа е само “различен пакет” од другиот (контент како различен пакет за односи со јавноста), додека други сметаат дека корените или позадината на контент маркетингот потекнуваат од дигиталниот свет, имено, како одговор на оптимизација (SEO правила).

Како резултат на тоа, се јавува прашањето која е разликата помеѓу контент и ПР. За мене, како некој што беше во односите со јавноста и традиционалниот маркетинг повеќе од една деценија, справувањето со контент е вистинско патување до дигиталниот свет и овој нов кодекс на однесување што го носи. И навистина е возбудливо и различно од ПР, а еве и како.

[title]Директен vs. индиректен пристап[/title]

И односите со јавноста и контент маркетингот генерираат вредни и корисни информации за јавноста. Меѓутоа, додека ПР-от се потпира на индиректниот пристап кон публиката, преку медиумите, создавајќи прво привлечна содржина за медиумите, а со тоа за целните групи, сконтент маркетингот гради директни релации со својата публика.
Во ПР-от, многу повеќе ќе се потпираме на медиумските односи и идентификувањето на соодветен новинар и медиум кој ќе биде подготвен да раскаже приказна за нашата организација или едноставно да го објави нашиот текст кој подготвен однапред. Понекогаш тоа функционира како чисто рекламирање, каде што плаќаме медиум за да ни помогне да постигнеме целта, т.е  да ја подигнеме јавната свест за одредена тема.
Кај контент маркетингот, од друга страна пак, обично вложуваме повеќе напори, преку креирање на содржини, видео, инфографици доволно привлечни за публиката за да ги мотивираме да го споделат со другите. Преку содржината, ние се фокусираме на нашите клиенти, на купувачите, им даваме корисни информации што им се потребни и сето тоа преку нашиот медиумски канал – нашата веб-страница, профил на социјални медиуми, канал на YouTube, newsletter итн креирајќи долгорочни односи со нив. Доволно е само еднаш да ја посетат нашата веб-страница, тогаш тие се веќе “уловени”.

[title]Контент маркетингот и ПР ги мериме различно[/title]

Во традиционалниот ПР, мериме број медиумски извештаи, гостински настапи, споменување (стариот добар прес-клипинг) или впечатоци создадени од нашиот текст. Во контент маркетингот, успехот на кампањата се мери со вкупниот број посети на страната, односно нашата објава, бројот на споделувања, споменување, коментари и квалитетните контакти кои сме ги генерирале.
И покрај тоа што соопштенијата за медиумите можат да постигнат доста висок share на веб и да влијаат на квалитетот на веб-пребарувањето на клиентот, резултатот ќе биде многу подобар доколку користиме текстови кои се привлечни и интересни. Клучните зборови, “вградените” линкови во текстот и привлечната содржина, оптимизирани за пребарувачите, ќе имаат поголемо влијание врз сообраќајот на веб-страница. Лесно е да се измери влијанието на содржината на веб-страница, користејќи различни показатели, како што се времето поминато на веб страницата, текст, интеракција на социјалните медиуми, коментари на постовите преку конверзии и кодови за следење.
И да, цитирањето е добро, но цитирањето со линк е уште подобро, додека пак цитирањето со линк што води кон веб-страница назад е најдобро.

[title]Контент маркетинг vs. ПР – Што е потешко да се произведе?[/title]

Односи со јавноста, всушност, не се само односи со медиумите. Ниту пак само пишувањето на соопштенија. Ниту давањето изјави или пак follow up. ПР–от користи сложени алатки и вештини, креативноста е надвор од прашање, но сеуште е безбедно да се каже дека постои одреден “кодекс на однесување” во постигнувањето на целта, зголемувајќи го интересот на медиумите и на крај на публиката.
Сепак, со огромната содржина која се произведува секојдневно во дигиталниот свет, станува сè потешко да се забележи. на прво место доаѓа добар контент кои и не е така едноставно да се произведе. Потребна е голема креативност, посветеност и вештини да од седум страници текст создадете видео од 60 секунди, како и да одлучите кога е најдобар тајминг за објавување. Тоа вклучува добра рамнотежа помеѓу различни канали на комуникација, бара интеракција со публика, вредни и употребливи информации или активности кои ќе ги мотивираат другите да дејствуваат. Само содржината што вреди да се сподели е добра содржина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *