Блог

Што научивме од Dolly Parton предизвикот?

Вести - Feb 06, 2020

Dolly Parton Предизвикот е еден од последните предизвици кој брзо се рашири на интернет. Луѓето ширум светот масовно споделуваа колажни фотографии во форма на профилни фотографии на разни социјални мрежи. Најчесто деловна фотографија за LinkedIn , некоја „кул“ слика со пријатели или слично за Фејсбук, на Инстаграм некоја блогерска и експлицитна или предизвикувачка за на Тиндер. Потоа следи комбинација од сите четири во колаж и споделување на објавата :).

Американската пејачка и бизнисменка Dolly Parton на средина на јануари оваа година ја сподели својата колажна фотографија, па дури доби одговор и подршка од Инстаграм за овој тренд. Така се случи и хаштагот #dollypartonchallenge и ете, играта започна. За околу две недели на Инстаграм имаше скоро половина милион постови со овој хаштаг и еден куп на останатите социјални мрежи.

 

View this post on Instagram

 

Get you a woman who can do it all 😉

A post shared by Dolly Parton (@dollyparton) on

Во суштина: ова е игра за „4 верзии од себе“

Во зависност од социјалната мрежа, избирате која страна од вашата личност ќе ја прикажете. Секако, за Фејсбук е природно да откриете различни аспекти од вашиот живот, додека за Инстаграм ќе изберете „уметнички“, т.е „блогерски“ слики. Всушност, сето тоа зависи од околностите и вашите лични афинитети.

 

View this post on Instagram

 

I couldn’t resist to the @dollyparton’s meme Join the challenge!! #dollypartonvinylchallenge

A post shared by FOR THE RECORD (@fortyfive7inches) on

Идејата на Dolly Parton беше да покаже како луѓето се претставуваат, на кој начин создаваат поинаков имиџ за себе. Како коментар во нејзиниот оригинален пост, таа објави „Земи жена која ти одговара за се’“, сакајќи и себеси да се прикаже на четири различни начина. Ја објави фотографијата и сите сме сведоци за се она што следеше – голем број на познати личности веднаш се приклучија, а интернетот го преплавија меме-колажите на истата тема.

 

View this post on Instagram

 

Die #DollyPartonChallenge ist in aller Munde und auch wir versuchen uns am Social-Media-Rundumschlag! #Getyouatheatrewhocandoitall

A post shared by Schauspiel Leipzig (@schauspiel_leipzig) on

Ова е само еден во купот на предизвици што го преплавија Интернетот и светот. На луѓето им треба малку за да ги прифатат трендовите, па затоа брзо ги усвојуваат и „наседнуваат“ на се она што се сервира на нет.

Дали и вие учествувате во трендовските предизвици на социјалните мрежи?

Автор

Represent System

News Editor

Да работиме заедно!

Секогаш имаме добра приказна да раскажеме, а следната може да биде Ваша.