Тамара Јокановиќ – меѓу 40те најдобри млади лидери на Југоисточна Европа
Вести - Mar 24, 2021
Тамара Јокановиќ, Генерален директор на Represent Communications Србија, е рангирана во првите 40 млади лидери на Југоисточна Европа, до 40-годишна возраст.
Business Elite наградата „40 под 40“ е престижна програма што ги идентификува извонредните млади директори и претприемачи во деловниот свет, а често е и првата програма што открива успешни деловни лидери во регионот.
– Последната година не беше лесна за ниту еден лидер. Деловните предизвици што нè снајдоа, особено во услужниот сектор и малите и средни претпријатија, подеми и падови, а еве денес едно вакво признание е само потврда дека сме на добар пат и дека одлуките што ги донесовме во минатото беа вистинските. Вие како лидер мора да верувате во поставените цели, без оглед на тоа колку се високо поставени истите. За вредни “работи” вреди да се потрудите малку повеќе. Наградата што ми е доделена во доменот на млади лидери за Југоисточна Европа не е само моја. Тоа е награда и на мојот тим, затоа што со заеднички напори секојдневно докажуваме дека нема непремостлива пречка за нас, дека се стремиме кон исти цели, дека негуваме исти вредности и дека сме тим за пример!
Наградите Business Elite се дел од реномираната канадско-американска компанија Global Top Brands Awards и се насочени кон градење голема деловна мрежа што ги прави најдобри меѓу најдобрите. Членовите на „Клубот на извршни директори“, престижна алумни мрежа чии членови се успешни деловни лидери кои имаат пристап до оваа платформа за меѓународни врски и соработка, се водени од слоганот дека големите умови размислуваат слично и дека сојузниците имаат поголема шанса за успех.
Успехот на 40те еминентни и амбициозни деловни лидери од Југоисточна Европа ќе биде прославен за време на свечена вечера што ќе се одржи во музејот Балгати Валсеки во Милано на 14ти септември 2021 година.