Блог

3 школи во 3 градови организирани од 3 Represent канцеларии – и тоа во ист ден

Вести - Oct 08, 2019

Оваа есен е исклучително успешна за Represent Communications Skopje, но исто така и за цел Represent System! Имено, во саботата, на 5ти октомври, во три наши канцеларии во различни градови од регионот се одржаа три школи кои се дел од Knowledge Академијата.

Во Белград започна Content академијата, на која предаваа Никола Губеринич од Coca-Colа и Штикла Кафа Кравата (Ана Марија и Саша Хорват).

Во Скопје се одржа и второто предавање на Лондонската школа за односи со јавноста – LSPR на кое предаваше Јелена Трнинич од Coca-Colа, која исто така ќе одржи предавање и на Белградскиот LSPR на 23ти ноември.

Додека пак, во Сараево, второто предавање на Content академијата го одржа наградениот фотограф и добитник на Пулицерова награда Дамир Шагољ, кој зборуваше за (Р)еволуција на содржината на видеото, потоа продолжи и ТВ водителот и продуцент Дејан Кукрич.

Повратните информации се одлични – како од учесниците и предавачите, но и од колегите кои ја следат нашата работа.

Се соочуваме со нови предизвици и многу изненадувања – во еден момент ќе имаме дури и четири едукации истовремено, но … Stay Tuned!

 

 

Автор

Represent System

News Editor

Да работиме заедно!

Секогаш имаме добра приказна да раскажеме, а следната може да биде Ваша.