Објавите кои исчезнуваат после еден ден како функционалност ги има на повеќе платформи – започна со Snapchat, а денес ги има и на Facebook, Instagram, WhatsApp и други, а последен во низата е Twitter.
Format Stories, поточно кратките објави кои исчезнуваат после одредено време ги популаризираше Snapchat, а денес таквите приказни се достапни и на платформите како Instagram, Messenger, Facebook, WhatsApp. По објавувањето на содржината, истата се задржува на оваа мрежа само 24 часа, потоа исчезнува и не е достапна за корисниците.
Твитер како и другите започна да експериментира со ваков тип на објави. За почеток, на корисниците на бразилскиот пазар ќе им биде дозволено да објавуваат содржини што ќе исчезнат по еден ден, а овој вид содржина се нарекува – Fleets. Корисниците ќе можат да објавуваат текстуални пораки, фотографии, GIF-и и видеа, но нивните следбеници нема да можат да ги лајкаат, одговараат или да ги ретвитаат. Ваквата содржина ќе биде достапна и за луѓе кои не ги следат корисниците кои го објавуваат (се разбира, ако нивниот профил не е заклучен), но нема да се појави при пребарување и нема да може да ембедира во текстови.
Fleets ќе се прикажуваат во горниот дел од екранот во форма на кругови со слика на профилот на корисниците што ги објавуваат, слично како кај другите платформи, а корисниците ќе можат да објавуваат повеќе вакви содржини. Со оглед на тоа што многумина имаат стотици и илјадници луѓе на Твитер кои следат, алогоритамот на Твитер ќе одлучи која содржина ќе биде прикажана на врвот заснован на активноста на корисникот и интеракција со други луѓе на таа мрежа.
На Твитер велат дека се решиле за ваков формат на објавувања затоа што на некои корисници не им се допаѓа фактот дека твитовите се јавни и, освен ако не ги избришат, тие се постојано достапни, како и дека другите корисници можат да ги сакаат и да ги ретвитаат. Затоа, некои корисници на таа мрежа не објавуваат премногу содржина на неа и со воведување на опцијата Fleets, тоа би можело да се промени. Првично, верзијата со приказната на Твитер ќе биде достапна само за корисниците во Бразил, а новата опција се очекува брзо да се прошири на другите пазари.
Извор: zimo.hr