Твитер сериозно се „зафати“ со бришење на неактивни и лажни акаунти, со денови “feed-овите” на корисниците се преплавени со твитови прашувајќи „каде исчезнаа моите следбеници“? Колку повеќе следбеници има корисникот, толку повеќе има изгубено- приближно процентуална е бројката.
Оваа акција беше најавена кон крајот на 2019 година, но истата беше одложена од повеќе причини, меѓу другото, потребно беше време да се најде начин како да се одвојат акаунтите на оние кои во меѓувреме починаа (со цел да ги заштитат овие акаунти кои ќе ги чуваат семејствата на починатите) од оние вештачки креираните „bot-овски“ акаунти.
✔”#Pratioci jutros u 8h. a”sada”Kolko”manje”u 11h. pic.twitter.com/hzjoi9yNOi
— ANDRIJA KADIROV.14.7.K =?HEllO💯😍 (@KeljevicAndrija) December 15, 2019
Па така, сите неактивни акаунти подолг период без избришани на крајот на јануари со единствена цел, а тоа е Twitter да прикаже порелевантни информации за својата мрежа. Но, истовремено и да ги охрабрат луѓето да го користат Twitter поактивно по регистрирањето на својата сметка. Компанијата контактираше со некои сопствениците на акаунти кои не беа најавени повеќе од шест месеци за да ги предупредат дека нивните сметки ќе бидат избришани доколку останат неактивни. Крајниот рок за реактивирање беше 11 декември.
Знае ли некој што се случува на интернет, за една ноќ изгубив 200 следбеници.
Далеку од реалноста.— Ратко Димитрович(@RatkoDmitrovic) January 28, 2020
Голем број на акаунти згаснаа, корисниците се прашуваат каде им се следбениците.
Tw se baš poigrao sa otpraćivanjem. Pa ako primetite da sam vas otpratila, javnite mi se 😏
— krava muzara (@kravicamuuu) January 28, 2020
Она што остана недокажано е дали по бришењето на корисничките акаунти, сепак ќе останат имињата на тие акаунти достапни за другите корисници.
Ниту пак во Холивуд не е подобра ситуацијата: на удар се најдоа голем број на славни личности кои изгубија нереално високи бројки на следбеници.
На прво место се најде америчката ТВ водителка и комичарка Елен Деџенерис, која има 74,4 милиони следбеници, од кои дури 58% се од лажни акаунти.
На второ место е пејачката и глумица Кети Пери со 53% лажни следбеници. Зад неа е ријалити звездата Кортни Кардашијан, која има вкупно 80 милиони следбеници, од кои скоро половина, 49%, се лажни.
Исти процент на ботови има и пејачката Тејлор Свифт, чија вкупна бројка на следбеници е 119 милиони.