После криењето на лајковите на Инстаграм, промените на логото на Фејсбук, ете и Твитер најави голема промена, која ќе се однесува на скратување на можноста за ретвит и спомнувања (mentions) во објавите.
За какви нови случувања размислуваат, објави потпретседателот на мрежата за дизајн и истражување Дантли Дејвис на Твитер. Најави неколку промени кои можеби ќе ги имплементираат во текот на следната година, но прво планираат реализација на тестирања и истражувања кои треба да ги потврдат следните чекоти кои ќе ги превземат.
Секако најинтересна новина е оневозможувањето на ретвит. Chris Wetherell, кој го дизајнираше копчето за ретвит пред десетина години, неодамна изјави дека компанијата не ги разгледала потенцијалните проблеми кои може да се појават доколку некој пренесе објава без дозвола. Во интервју за „BuzzFeed“, тој рече дека ретвитот го влошило целокупното искуство при користење на оваа платформа.
Во Твитер, нормално, не размислуваат за отстранување на ретвитот, туку да овозможат корисниците сами да одлучат дали сакаат да забранат ре-објави на истата мрежа. Така да, кога ќе се појави тој твит на тајмалајнот на нивните следбеници, тие нема да бидат во можност на направат ретвит. Станува збор за опција која ќе го спречи злоупотребувањето на оваа мрежа, бидејќи ретвитите најчесто и се пренесуваат во негативен контекст, поточно се интерпретираат погрешно со цел да се нападне авторот на објавата.
За да ги заштитат корисниците, Твитер подготвува уште една интересна опција – ако некој сака да ве спомне во својата објава, вие треба да му го дозволите тоа. Ова е уште еден начин да се заштитат корисниците кои се спомнуваат во други објави во кои најчесто се критикувани. Со овие опции корисниците не треба да ги заштитуваат своите акаунти како приватни, што навистина е проблем за јавните личности, туку ќе можат и понатаму да ги гледаат нивните објави, но нема да можат да ги пренесуваат или да ги споменуваат овие корисници во своите објави.
Што се однесува до другите потенцијални новитети, Дејвис ја спомна и можноста за дополнитено отстранување на споменатите корисници (@user) од разговорот, што исто така може да биде корисна опција за многумина.
Ова не се опциите што сигурно можеме да ги очекуваме, но за нив неодамна се зборуваше на Твитер и постои можност компанијата всушност да имплементира некои (или сите) од нив во својата мрежа.
Извор: Zimo.hr