Блог

Успешните жени во бизнисот имаат една заедничка карактеристика: Знаење

Интервјуа - Mar 24, 2020

Со причина велиме дека силните и успешни жени, без разлика на проблемите и несогласувањата имаат подобро разбирање за моменталната состојба, заедничките интереси и честопати се поажурни од мажите. Во случај да не се согласувате со оваа изјава, факт е дека во светот на бизнисот, жените денес се многу посилни од мажите. Во Србија бројот на фирми кои ги водат жените е мал, што не е случај со Represent System.  Топ менаџмент на оваа агенција се состои од четири успешни, искусни и образовани жени.

Оптимизам и храброст

Тамара Јокановиќ, Оперативен Директор

Ако се запрашате како се гради лесно кариера, сетете се на Тамара која започнала да работи во „Represent“ како студент во одделот за ПР/клипинг – практично од нула. По 15 години, таа сè уште е на истата работа, но денес како извршен директор на најголемата Агенција за интегрирани комуникации. За секој успех не треба да смените повеќе работни места, туку потребно е учење, истражување, прифаќање, па следење на своите соништа и оптимистички насочување кон вашите цели. Не се откажувајте во најтешките моменти и чекорете храбро по тој пат, дури и ако е трновит. Научно е докажано дека луѓето со позитивен став се поздрави, полесно воспоставуваат односи со другите , заработуваат повеќе пари и напредуваат во својата кариера. Не плашете се од промена – храбро следете ги вашите соништа.

Упорност и тактичност

Јелена Микиќ, Директор за Развој

Без труд и голема упорност не можеме да очекуваме успех. Тоа е најважната особина во бизнисот. Кога правиме нешто, мора да бидеме упорни, сè додека не тргнат работите како што треба. Ако наидеме на пречка, криза, треба да се обидеме да ја надминеме и да продолжиме понатаму. Упорноста е неопходна особина која ни помага да дојдеме од идеја до реализација. Тактичноста се учи и доаѓа со искуството и во корелација со трпеливоста,  овие две особини се навистина важни. Спротивно на откажувањето е трпеливоста – да почекаме и смирено да ја согледаме ситуацијата и работите.

Посветеност и прецизност

Јована Цакиќ, Директор за Односи со Јавност

Дали секогаш давате се максимум од себе и дали сте самиот на себе најголем мотиватор? Секако дека еден од најдобрите совети што некој може да ви го даде на почетокот на вашата кариера е да работите напорно на секоја задача што претстои и да ја сработите најдобро што можете. Слушајте, следете, учите постојано. Секое искуство е вредно и никогаш не знаете кога ќе ви треба. Плус, никогаш не знаете кога ќе се појави можноста која може да го промени вашиот деловен живот од корен. Бидете посветени кога работите, настојувајте да бидете секогаш најдобри, пред сè – за себе. Колку подобро и попрецизно ги извршувате задачите, толку поблиску сте до целта. Прецизноста е понекогаш запоставена вештина и сите знаеме дека „ѓаволот се крие во деталите“.

Креативност и трпение

Емилија Заевска, Директор на Txe Content Studio

Дали знаевте дека креативноста е најбараниот „епитет“ денес, особено кога станува збор за модерни професии и работни места? Креативноста не е само талент, туку се однесува на снаодливоста во текот на работењето кога сите ние се бориме со недостаток на време, ресурси, луѓе, намалени буџети… Ва такви ситуации, трпението ги штеди нашите нерви и енергија. Кога имате енергија, тогаш сте попродуктивни и креативни, а тоа се одразува позитивно на нашата работа. Креативноста создава одлични работи, идеи, решенија – кога сте креативни и оригинални тогаш не постојат граници и успехот е неизбежен.

* Текстот е објавен во мартовското издание на магазинот BizLife, го објавуваме во целост со нивно одобрение

Автор

Represent System

News Editor

Да работиме заедно!

Секогаш имаме добра приказна да раскажеме, а следната може да биде Ваша.