Блог

Мерки за Brand Equity: Што со оние што не се „кликачи“?

Блог - Sep 30, 2019

Да, кликовите се KPI на Facebook, всушност engagement односно интересот на публиката за вашите реклами до скоро се базираше исклучиво на CTR, CPC и останатите метрики поврзани со кликовите, НО нештата се менуваат.

Застанете за миг, затворете ги очите и замислете го вашето однесување како Facebook корисник.

  • Колку често навистина кликате на реклама?
  • Колку често сте ставиле like или love или сте споделиле содржина што ви се појавила како спонзорирана на вашиот news feed, а да не е на некој ваш пријател или познаник?

Истражувањата на Facebook покажале дека engagement е мерило за интересот на корисникот, но не се преведува во продажба или квалитетен lead затоа што голема е веројатноста дека и да не кликне, ќе се заинтересира и ќе да го купи производот.

Според најновите истражувања, само 8% од корисниците се кликачи на реклами, што значи дури 85% од engagement е генериран од тие помалку од 10% корисници. Од друга страна пак,  тоа значи дека дури 90% од корисниците ја гледаат содржината, но не кликаат. Истражувањата покажуваат дека дури 90% од офлајн продажбите се од токму тие луѓе кои ја виделе рекламата, но немале некоја интеракција со истата.

Прашањето е: Како да го измериме тој „некликачки“ интерес што го создаваат нашите реклами и како да ги преструктуираме извештаите од клик кон интерес или свесност? Facebook нуди решение во облик на Brand Equity метриките.

Ако сте како 90% од корисниците вие скролате по “news feed” на вашиот телефон се додека нешто не ви “фати око“ и тука запирате за момент за да ја апсорбирате содржината. Ваквата активност или тие моменти на примање на информацијата без клик Facebook ја нарекува “thumb stopping”. Тука стапува на сцена избраниот тип на оптимизација на Facebook кампањата. Ако кампањата ја оптимизираме за цел која се базира на кликови како што е post engagement или traffic целиме кон само 10% од нашата публика која е кликачки настроена но ако ја искористиме Brand Awareness оптимизацијата тогаш ги опфаќаме сите оние кои би биле заинтересирани за она што го нудиме иако можеби не би кликнале на рекламата.

Ваквиот облик на рекламирање е близок до ТВ рекламата бидејќи и таму нема физичка интеракција, таму не знаете ни колку од вашиот таргет ја видел рекламата односно бил пред ТВ екранот во моментот на емитување, предноста на Facebook е што таргетирањето е далеку попрецизно и мерите reach и impressions односно колку луѓе од вашата публика биле опфатени со кампањата/ биле изложени на рекламата.

Brand Equity Metrics го прикажуваат импактот на вашите реклами beyond click.

Estimated Ad Recall Lift (People): Дополнителниот број на луѓе кои и по 2 дена ќе се сеќаваат на вашата реклама.

Estimated Ad Recall Lift Rate: Колкав процент од сите импресии оставиле импакт на гледачот.

Cost per Estimated Ad Recall Lift: И секако трошокот.

Во основа сметајте го ad recall lift како мерење кликови за публика која не клика, но покажува интерес со тоа што се задржала на вашата реклама. Прилагодувањето на трендовите е она што нè става чекор пред конкуренцијата. Во услови кога сеуште мериме број на лајкови и споделувања, да не заборавиме дека меѓу нив и убедениот купувач нема знак на равенство. Да ги користиме кликовите за тестирање и добивање информации околу креативата особено во постови, а како цел на платената кампања сепак да ги поставиме бизнис резултатите.

Автор

Наташа Велковска

ПР Менаџер

Да работиме заедно!

Секогаш имаме добра приказна да раскажеме, а следната може да биде Ваша.